Основното училиште „Д-р Владимир Полежиноски” се наоѓа во населба Карпош во Кичево, на улица “Арсо Војвода” бб. Училиштето со својата работа започнува во 1982 година под името„Видое Смилески - Бато“се до 1995 година кога го добива сегашното име, во чест на нашиот сограѓанин, првоборец и прв секретар на АСНОМ-Д-р Владимир Полежиноски.
Основното училиште „Д-р Владимир Полежиноски” има статус на самостојно основно училиште од развиен тип во кое своите воспитно- образовни потреби ги остваруваат 551 ученик започнувајќи од прво до осмо одделение во деветгодишното образование.
Училиштето се состои од два функционално поврзани објекти. Сместено е на површина од 3275 м2 од кои 2475 м2 отпаѓаат на самата училишна зграда, 7368м2 на училишен двор и 800м2 на спортска сала во која е сместена и забната амбуланта. Зградата на училиштето е двокатна, опремена со 16 училници, 8 кабинети, кујна, училишна задруга, библиотека, просторија за дневен престој и просторија за презентации и настава со нагледни средства. Училишната зграда технички постојано се одржува како во ф-ја на одржување на максималните услови за заштита на здравјето на учениците, одржување на оптималните услови за изведување на наставата, така и во ф-ја на одржување на естетско-архитектонската целина на ова градско подрачје.

Нашето училиште располага со наставен кадар кој постојано и активно се едуцира и усовршува.Управата на училиштето ја сочинуваат: Директорот на училиштето, ППС- службата и административниот персонал.
Училиштето како носител на воспитно-образовниот процес преку современи форми и методи во наставата и осовременување на просторните и човечките потенцијали во училиштето, тежнее да обезбеди училишна клима во која ќе се формираат ученици-личности со позитивен систем на вредности, квалитетни знаења и критичко мислење, училишна клима која ќе заснова на односи на доверба, взаемно почитување и разбирање, мултиетничка толеранција и која како таква ќе биде привлечна за едукација на најмладите во нашиот град.
Постоиме како училиште да им помогнеме на учениците да се справат со образовните предизвици кои ги носи животот, секогаш во чекор со времето за да ја направиме иднината подобра преку денешнината.
ОOс